Friday, December 28, 2007
Не ми иде пишувањето нешто денес, па затоа еве вака...
Според митско-магиското толкување на светот и нештата, постојат пет страни на светот. Горе, долу, лево, десно и тука! :)
Friday, December 21, 2007
Me, myself and I
Friday, December 7, 2007
Friday, November 30, 2007
Margaret Atwood
You Fit Into Me
You fit into me
like a hook into an eye
A fish hook
An open eye
Monday, November 26, 2007
Season's Greetings
Значи, за копирајтери со слаба циркулација, за пишувачи во ладни простории и за оние кои едноставно сакаат да допрат нешто топло - топла тастатура и топол глушец!
(ова топол глушец звучи многу перверзно...)
Е сега, на дизајнот може да се доработи, точно, но на подарен коњ заби не му се гледаат, нели!
Wink, wink - желба... подарок... Нова Година... anyone?
:)))
Friday, November 23, 2007
Tuesday, November 13, 2007
Филм
Не сакам да навлегувам во анализи, толкувања и проценки што-како, не за друго туку затоа што имам чувство дека ќе си ги разводнам импресиите, па затоа само ќе преупатам на постот на Котле, пост (+коментар) кој на некој начин ги доловува.
Решив да бидам попозитивна и помалку да критикувам, па затоа со овој филм на Милчо сум помека.
Wednesday, November 7, 2007
Friday, November 2, 2007
Не е можно!
Nouvelle Vague во Скопје!
Nouvelle Vague во Скопје!
:)))
Ни Скопје веќе не е тоа што беше...
:)
Thursday, November 1, 2007
Respect!
The Glass во Скопје!
The Glass во Скопје!
:))))))
Се уште не можам да поверувам...
Tuesday, October 30, 2007
Sometimes a girl's gotta do what a girl's gotta do
менувам одење на стоматолог за одење на гинеколог
шифра
(без)умник
Friday, October 26, 2007
Monday, October 22, 2007
Концепт, колку тоа моќно звучи
Баш во моментов слушам утринска емисија на 103 и зборува Христина Ивановска, попозната како Ѕверот. Христина е самопрогласена "уметница" која мисли дека треба да прави некакви си родови истражувања без смисла, методологија или порака и тоа да го пакува и продава како уметнички проект. Пред неколку години ги попишала улиците во Белград со женски имиња и упорно тоа го збори и дрви по мал милион конференции, трибини, медиуми и слично.
Никогаш не ми стана јасно - што со тоа?!
Каков е тој уметнички проект кој се сведува на просто каталогизирање и фактографско наведување и нипто повеќе од тоа? Никогаш не истакнала некоја посебна идеја или порака или нешто што произлегува од ваквата страст по информации. Ништо не е создадено, ништо не е измислено, се се преџвакува, се прераскажуваат познати и апсолвирани нешта и се удира во гради дека леле, јас работам на проект, а вие што не ме разбирате - па кој ве ебе...
Јас мислам дека треба да најдеме некоја слепа уличка и да ја крстиме по неа: Христина Ивановска - Ѕверот (нешто како Јордан Хаџиконстантинов - Џинот) и аман, нека заврши веќе еднаш. Тоа би било единствена пројава на концепт во нашето (македонско) wanna be-концептуално уметничко живеење. Фуј.
Tuesday, October 2, 2007
Reality Check
Деновиве беше објавен конкурсот за постдипломски студии во ЕуроБалкан, конкурс што одамна го чекав. Арно ама: наставната програма + списокот на предмети + професорите што знам дека ќе предаваат + износот на школарината = ладен туш.
Место да слушам асални професори и луѓе од овде што ги бива, јас би требало да ги слушам The Almighty Слободанка Марковска, Шкариќ и Катица... wtf?!
Е сега, Катерина Колозова е раководител, и тоа е супер, но мене се уште не ми е доволно. Мојата идеја за родови студии не е избор помеѓу философија и род или социологија и род?!
Сакам програма од која actually ќе научам нешто, а не од 90% од предавачите да слушам депласирани тези и надминати теории, само за после две години да можам да се фалам дека имам диплома за родови студии...
Како и да е, I know my shit.
Monday, October 1, 2007
Thursday, September 20, 2007
Мојата книжарница
Нешто сум тапа расположена во последно време, и не ми се ни пишува, ни ништо. Ама затоа, не можам да престанам да замислувам како ќе ми биде уредена книжарницата што ќе ја отворам после 10-15 години, и баш ми е ок "терапијата". Наидов на сликички од некоја книжарница во Норвешка, или Шведска, или нешто така, и ептен ми беа инспиративни. Црни ѕидови, аааах...
Friday, September 7, 2007
Love life, stop aids
Денес видов една кампања што ептен ме бендиса од креативен аспект. Идејата е супер, а кога видов дека во едно од решенијата се осмелиле да прикажат геј пар, паднав во несвест од радост.
Но, додека го спремав постот, сфатив дека всушност, ова е само бедно продолжување на неколку опасни предрасуди што никако да ги искорениме. Едната е дека геј мажите (не најдов принт решение со лезбејки) некако одат рака под рака со сидата. И секако, проститутките се се уште хит.
За жал, некои нешта и не може поинаку да се претстават за да им бидат јасни на луѓето, ама не значи дека треба да тапкаме во место со премногу типични начини на комуникација. Секако оваа кампања ќе ја пренесе пораката за заштита од сида и слично, ама ќе отвори и други рани. Јбг, адвертајзинг е меч со сто острици...
Friday, August 31, 2007
Singapore Sling
Wednesday, August 29, 2007
Friday, August 24, 2007
Monday, August 20, 2007
Back to life
Friday, August 3, 2007
Kool Thing
Мислам дека и не се работи само за организациска способност, финансиска моќ или доволно голем интерес кај публиката, туку дека е и подалеку од тоа. Ако добро се сеќавам, Дејан Дуковски еднаш кажа дека ако Балканот е газот на Европа, тогаш Македонија е чмарот. Изгледа некои земји едноставно не се на културната мапа од светот, или фигурираат по потреба, како знак за добродушноста на "големите земји" кои ете, овојпат му дозволуваат и на Балканот по нешто (еве, повелете Beastie Boys во Србија, !!! во Хрватска, и доста ви е, престанете да се жалите!).
Ми текнува на Хоми Баба и Гајатри Спивак и сите теории за субалтерните идентитети, локацијата на центрите на моќ, локацијата на културата, деконструкцијата на бинарноста од типот центар/маргина итн итн, ама што со тоа... Најзаебано е што најчесто, додека не дојдеш во центрите на моќ не може ништо ни да кажеш, ни да направиш, ни да уништиш.
И тоа е најголемата замка на постколонијалната теорија (која многу ја сакам) - додека Хоми Баба не отишол во Англија никој жив не сакал да го чуе. А не е тоа поентата! Поентата е, меѓу другото, дека моќта за создавање дискурс треба да се дистрибуира и подалеку од воспоставените центри за создавање дискурси - Сорбона, Оксфорд, Принстон...
И тука некаде е и личната замка на Хоми Баба - после сите негови тези и теории, станува професор токму на Харвард. Изгледа побитно е да се едуцираат белите англиски аристократи со доволно пари кои најчесто студираат од досада и навика, а не и сиромашните индијци, парагвајци, македонци итн итн кои едноставно не можат да си дозволат да студираат надвор од "дома"...
И исто како што САД и ЕУ може секоја вечер да ги слушаат Sonic Youth, ние Другите треба да се потегнеме дури до Загреб, светото место одбрано за овој фестивал, и да бидеме благодарни што е во земја за која се уште не ни треба виза.
Сепак, се знае каде треба да бидеш за да бидеш чуен, односно каде треба да бидеш за да чуеш:
"I mean, are you gonna liberate us girls
From male white corporate oppression?
...
Fear of a female planet?
Fear, baby!"
Wednesday, August 1, 2007
Моето денешно мени досега
- чаша цеден сок од портокал
- две праски
- кафе
- 0.5l ab cultura
- MyWay сендвич со црно лепче, MyWay премаз, 4 вида сирење, марула, патлиџан, краставица, пиперка, црвена зелка, бела зелка, морков, маслинки
Tuesday, July 31, 2007
Thursday, July 26, 2007
Јас, Амнести
Смачено ми е од луѓе кои почнуваат реченица со "А бе јас не сум феминистка, ама..." и после кажуваат нешто многу мудро, толерантно и модерно, од типот дека жените треба да си ги бараат своите права или дека треба да имаат иста плата како мажите. Аман веќе! So last century!
Смачено ми е од луѓе кои викаат дека не може ништо да се направи и дека треба да се соочиме со "фактот" дека 90% од мажите се шовинисти и тоа е тоа. Глупости! Знам дека нема критична маса за реално да се смени нешто, но тоа не значи дека не треба да се создаде и да се проба.
Смачено ми е од ставови на луѓе кои не се ни доволно упатени во најновите теории/акции и се уште тапкаат во место со она што го слушнале за феминизам, а не се доволно open minded за да погледнат малку подалеку. Тоа што ваквите теории може да се гледаат како буржоаска забава не значи дека треба од старт да се дисквалификуваат.
Не патам од месијанско-просветителски идеи дека еве готово, јас ќе го сменам светот, но одбивам да седам малодушно и да го прифатам тоа што ми се сервира. За некои нешта не сакам да правам компромиси, и баш ме заболе што мислат другите за мене.
Wednesday, July 25, 2007
Call me Eddie
Ја обожавам серијата и едвај чекам да дојдам дома пред 6 (што јбг, многу ретко се случува) за да ја гледам. Ми се свиѓа се - од ликовите, сосем доволно цинични и невротични за да се идентификувам со нив и истовремено да им се смеам, преку до сценаријата и one liner-ите што се неверојатно добро напишани, онакви какви што се надевам дека еден ден и јас ќе успеам да напишам, па се до локацијата - супер што е во Сиетл, иако Њујорк делува како прв и единствен избор, сепак премногу предвидлив за ваков концепт на ситком.
Иако го гледам со задоцнување, многу ми беше мило кога сконтав како Frasier ми поврзува многу минати и сегашни ствари за мене.
На пример, видов дека од тука црпеле сите подоцнежни ситкоми кои сум ги сакала (Frasier was voted by sitcom writers, producers and actors as the greatest sitcom of all time in The Ultimate Sitcom, 2 January 2006 ).
Дознав дека е продолжение на Cheers, ретко добар ТВ призор што за чудо, сме го гледале сите тројца дома со уживање.
Кучето Еди е всушност Jack Russel териер, баш како што ме одреди мене еден тест за кучиња!
Доживеав déjà vu кога го видов станот, потполно ист како мојот имагинарен стан што отсекогаш сум го имала во глава?!
Итн, итн...
И врв на се ќе биде ако денес не ја изгледам новата епизода :)
Monday, July 23, 2007
The largest sun roof you have ever seen!
Политиката на телото во адвертајзингот ми е и повеќе од јасна, но ова e too much... Па добро бе, зарем единствен начин да се комуницира голем сончев покрив е со "големи" луѓе? Зарем на некој ова му е смешно или интересно? The largest sun roof you have ever seen? The largest people you have ever seen?
Fuck me, не сфаќам. A можда и претерувам...
Најголем дел од комуникацијата за коли се сведува или на брзината, или на пространоста. Досега сум видела мал милион креативни (смешни, несмешни - whatever) начини да се покаже големината на просторот на колата, било тоа да е багажник или сончев покрив, и ниедно од решенијата не биле вака дрски, безобѕирни и нетолерантни, во најмала рака неинтересни.
Да не зборам што advertising & sales wise, ова не верувам дека ќе ја продаде колата.
Thursday, July 19, 2007
Wednesday, July 11, 2007
Се уште во JD Salinger mood
Franny and Zooey
Friday, July 6, 2007
Happy Meal
Wednesday, July 4, 2007
J D
"If you really want to hear about it, the first thing you'll probably want to know is where I was born, and what my lousy childhood was like, and how my parents were occupied and all before they had me, and all that David Copperfield kind of crap, but I don't feel like going into it, if you want to know the truth."
Ова е почетокот на Catcher in the Rye, една од книгите што ми се многу битни, најверојатно зашто ми го направила животот малку поавтореферентен, I guess. И тоа ми е доволно.
Tuesday, July 3, 2007
Monday, July 2, 2007
?
Сакам да се прашам себе си нешто на глас, пишувајќи...
Никогаш не ми било јасно правилото дека исклучоците го потврдуваат правилото. Се некако мислам дека ова тврдење тотално нема смисла.
Од граматика па до епистемологија, јасно ми е дека од правилата како методолошки инструмент може да има исклучоци, но не разбирам зошто се вели дека баш тие го потврдуваат? Ако нешто го потврдува правилото, тогаш тоа е неговата универзалност и сеопфатност, односно случаите кај кои тоа важи - како случаи кои и го воспоставуваат како правило, а не исклучокот! Исклучокот напротив, укажува на тоа дека правилото и не е до толку дефинирачко колку што се поставува. Исклучокот укажува на неговата произволност, непостоење и евентуална смрт.
Плус и плус, има и друг момент што ме збунува...
Ако е правило дека од секое правило има исклучоци, тогаш и од ова правило мора да има исклучок, односно дека мора да има правило што нема исклучоци. Постоењето на такво правило може да се смета и како исклучок на повисокото правило дека сите правила имаат исклучоци, но поверојатно ми е дека е дупка во епистемолошкиот систем на мислење.
Не ми е јасно зошто толку многу се инсистира на рестриктивно средување на нештата со нула толерантност и неоставање простор за други опции. Речиси секогаш исклучоците / отстапките / исчекорите се сметаат за девијација и добиваат патолошка димензија, и никако да сфатиме дека не и не ни се до толку неопходни правила за да функционираме како општество, или барем дека можеме порелаксирано да ги сфатиме правилата, чисто како насоки, а не како граници на "нормалното".
Почнав да ја читам Философија паланке од Радомир Константиновиќ, и супер е. Ми поттикна многу размислувања и преиспитувања на некои нешта, па во овој контекст е и овој пост. Паланечкиот менталитет (т.н. малограѓанство, омилениот израз на нас, големограѓаните) е прилично апликативен на целокупниот методолошки-епистемолошки проект на човештвото во кој се си има свој ред и нема мрдање...
Џабе и дада, и деконструкција, и постмодерна, и што не, се е тоа дел од хаос-космос развојот и митско-магиското циклично мислење, најверојатно најголемото правило на кое не знам како (па и зошто) да му избегаме...
Sunday, June 24, 2007
Старо-нов пост
Значи, дел од текстовите (меѓу кои и мојот) презентирани на дебатата-конференција што ја организираше Мултимедија во Мала Станица на тема Родовите стереотипи во МК се овде, а следат и другите.
Мојот е во некаква средена, поедноставена форма, адаптирана од pp. Малце незгодно вака, a posteriori да коментираме, убаво ќе беше уште тогаш, ама ако, дебатата продолжува, па повелете :)
Friday, June 22, 2007
Wednesday, June 20, 2007
Amnesty: приказната се проширува...
Ова е стварно веќе големо...
Додуша, од сеир прераснува во сериозно размислување и редефинирање на тоа каде завршува позерството и почнува активизмот, или што значи да се биде активист (за што и да е - заштита на околина, човекови права, ...) денес.
Прашањето што мене ми се провлекува во последно време е колку сме осудени на грижа на совест заради (не) моќта да направиме нешто...
Friday, June 15, 2007
Посно-масно
Значи, во рекламата се комуницира дека Бонукс ги отстранува сите маснотии.
Целиот комуникациски концепт се базира на Марија, убер-домаќинката, која е главен лик во секоја Бонукс Актив реклама, зашто нормално, никој не би му верувал на маж домаќин - тој мора да е папучар и пичица како Тошо Малерот, потврда на идејата дека вистинската домаќинка треба (читај: мора) да биде жена. Да не навлегувам во муабети за тоа што е маж, а што жена, и дали има нешто трето или шеснаесетто.
И ај што се поставува како света должност чистењето на околината (во овој случај облеката) како конститутивно-итеративен механизам на патријархалниот хетеросексистички концепт и локализирање на женските пракси во фамозното розево гето (Бети Фридан), иако ништо само по себе не е нечисто (Мери Даглас), туку се оди и понатаму.
Креативната финта на спотот, или catch, повторно профи кажано, е во тоа што прашокот за жал, не ги отстранува маснотиите на колковите, нешто што као треба да не насмее. Но, ова всушност го потврдува и зајакнува притисокот на Cosmopolitan културата во која еден од најголемите гревови е да имаме маснотии на колковите. Тотално нема потреба да се инсистира на оваа премиса, посебно пак во реклама за прашок за облека?!! Ај во реклама на Dove, L'Oreal, Nivea и слично - ок, логично, ама тука? Зошто, побогу?!
Ама не, не ми беше ни ова повод за мрчење (каква дигресија...) кое е многу посмешно од овие сериозни теми, а тоа е вистинската пропозиција на прашокот, дека ги остранува и НЕВИДЛИВИТЕ МАСНОТИИ (?!).
:)
Колку јас што знам, маснотиите на облеката не можат да бидат невидливи! Ама ајде, for the sake of the argument, да речеме дека се. Е сега, ако земам Бонукс Актив и ги исперам невидливите маснотии на маичката, како ќе знам дека се испрани, кога се невидливи in the first place?! :))))
Ми продаваат решение на невидлив и непостоечки проблем, каква иронија :) Додуша, ова го прави поголемиот број реклами, многу јасно дека секој сака да продаде и ќе направи се во таа света цел, ама можеле барем мааалку поверојатна пропозиција да измислат и да кажат дека штознам - ја подобрува микроскопската структура на облеката, ги зајакнува влакната и текстурата, чисти подлабоко од останатите и слично - нешто на што лаички, може да наседнам, ама невидливи маснотии?!!
Не знам, ама мене ми е многу смешно. И секако нема да купам Бонукс Актив за моите алишта :)
Wednesday, June 13, 2007
Amnesty: update
http://nymag.com/nightlife/mating/33140/
Ах, на време сум го открила Амнести концептот! Мислам дека ова е нешто големо. Можеби еден ден ќе напишам и книга за ова...
Нова блог-препорака
Она што ми е најмногу интригантно и бескрајно ме копка е возраста на Кери Смит. Никаде не можам да најдам колку години има, и покрај фотографиите на нет. Не дека тоа е толку многу важно, но би сакала да знам...
Friday, June 8, 2007
Нов пост
Wednesday, May 30, 2007
6 Amnesty International правила
Amnesty концептот го прават претежно девојки, на возраст од 18-30 години, кои најчесто се се уште на факултет, работат во невладини организации или едноставно, го трошат она што мамица и татица великодушно ќе им го дадат.
Amnesty девојка можеш да бидеш ако:
- си слаба, по можност со BMI под нормала
- ја носиш најскапата облека во градот, но неиспрана, неиспеглана и чудно, "оригинално" искомбинирана
- имаш неисчешлана, бушава коса, како да си станала од кревет
- си многу, многу загрижена и постојано зборуваш за:
- глобалното загревање
- насукувањето на китовите на Пацификот
- страдањата на политичките затвореници во Пном Пен
- истурањето нафта во морињата
- се помалиот број на мршојадци на планините
- ...
- не се преоптоваруваш за тоа дали имаш дечко или не, другарка или не, зашто знаеш дека сите, ама сите во град те сакаат
- излегуваш и се журкаш интензивно, ама цело време си многу замислена и загрижена...
Е сега, она што може да те направи вистинска Amnesty девојка е ставот.
Во најгруби црти кажано, тоа е лицемерниот став дека да, јас ја носам најскапата облека во градот, но тоа не е важно, зашто ништо на светот не е побитно од фоките што умираат... Да, се журкам и заведувам мажи, ама јас во суштина сум наивна и навистина ме боли кога ќе видам малечките куни што ги убиваат заради крзното... Не можам да им дадам пари на децата што просат на улица, ух, валкани се, ќе ми ја исфлекаат новата маичка, ама ааааах, колку деца мораат да работат во рудници и да носат оружје... Ти, таму, џабе ми купуваш пијачки, јас седам со моето долго здолниште и размислувам за тоа зошто, о, зошто не се парат пандите... па колку се слатки... Итн, итн...
Не сум сигурна колку добро го опишав моделот кој преовладува како посакуван во рамки на скопскиот социјален живот, можеби треба да се дообјаснам. Не сакам да чујам реакции од типот: сите генерализации се погрешни, да, ок е, знам дека зборувам можеби и премногу општо, но тоа е само моја перцепција на одредени феномени кои го надминуваат скопското милје, доволно провокативни за сеир и за пост.
Tuesday, May 29, 2007
Monday, May 28, 2007
обложен ѕид
Monday, May 21, 2007
Friday, May 18, 2007
20 мај
Tuesday, May 15, 2007
Зебра: Дали еротиката се уште продава?
... патријархалното фалогоцентрично разбирање на сексуалноста и телото, според кое Марија Шерифовиќ не е сексуална, како да во традиционалната претстава за машкост која Марија ја изразува, слави и олицетворува нема сексуалност
... третирањето на калифорнискиот (и медитеранскиот) модел на женско тело како нормативен под капа дека едноставно и природно, тоа е убаво - како да идејата за убавина на еден уредник на дневен весник треба да биде сеопшта идеја за убавина
... храброста да се зборува дека треба да се истакнува сексуалноста заради успех на естрадата, храброст која оди рака под рака со срамот од вербализирање и именување на делови од сопственото тело (Елена Ристеска)
... есенцијализација, генерализација и мистификација на машкоста, женскоста и тврдењето дека една жена едноставно треба да знае да се носи како жена, да има држење како жена, и да биде вистинска жена, што и да значи тоа (Буле)
... доживувањето на жените како зачин (ова не е метафора, туку цитат на Горан Михајловски) на секојдневието, само еден од многуте accessories на мажите и животот
... неиздржани квазисериозни дискусии без елементарно познавање на теориски дискурси, дискусии кои запнуваат кога единствениот родово образуван учесник (Катерина Колозова) ќе спомне комодификација, политика и обесмислување
... лажен морал и двојни стандарди според кои не е ок да пеат девојчиња на детски фестивал за дечковци и слично, а ок е да се стави гол женски задник на насловна страна покрај текст за СПЦ и МПЦ, затоа што тоа е убаво
... рестриктивен дихотомен епистемолошки пристап од типот на црно, бело, да, не, без претходен обид за редефинирање на веќе одамна неоперативните термини
...
Има уште милион моменти за кои може и треба да се дискутира, ама во некој следен пост. Сега за сега, за да ми биде конструктивно мрчењето, имам една идеја.
Јас предлагам да се направи една емисија што ќе се вика Магаре. Во неа ќе се разговара на разни теми што го допираат постоењето во сите негови олицетворувања (телесно, емотивно, интелектуално, сајбер и сите останати можности што заради фалогоцентричната епистемологија и методологија на симболичкиот поредок кому му припаѓам не можам во моментов да ги согледам). Магарето е сиво, недефинирано (барем според традиционалните концепти за дефиниција), не зазема став, не суди, а бидејќи е хибрид, односно инкорпорира различни карактеристики, очекувања и предрасуди - соодветно е за теориско-сеирџиско промислување на живеењето денес.
Monday, May 14, 2007
Мај во NY
May Weather:
- Average High: 22°C
- Average Low: 13°C
- May offers great weather for visiting New York City it's warm enough to spend a lot of time walking around, but cool enough to remain comfortable.
What to Wear:
- pack an umbrella
- evenings can be cool, so pack a jacket
- a sweater
- comfortable walking shoes
May Perks:
- great weather for visiting New York City
- summer crowds have not yet arrived
- perfect time of year for New York's many walking tours
Good to Know:
Memorial Day is the last Monday in May and it's a holiday to commemorate those who've died in defense of America. It also marks the beginning of summer for many Americans. Many New Yorkers leave for the holiday, but aside from government offices, banks and post offices and some smaller stores, most tourist services remain open.May Highlights/Events:
- Cinquo De Mayo
- Tribeca Film Festival
- Bike NY: Great 5 Borough Bike Tour (1st Weekend)
- Mother's Day
- Dance Parade
- AIDS Walk NY (3rd Sunday)
- Ninth Avenue International Food Festival
- "Toast of the Town" Wine Tasting
- Fleet Week
- Baseball Season
- Women's Liberty Season (WNBA)
- Memorial Day
Friday, May 11, 2007
Angelene
Го читав расказот 'Pretty Mouth and Green My Eyes' на JD Salinger, еден од моите омилени раскажувачи, и имаше еден дел во текстот што ми делуваше толку познат што почнав да си го пеам (?!). Ми текна дека всушност, PJ Harvey, една од моите омилени изведувачи, има песна со истиот текст на Salinger (Angelene)! Ја пуштив и читав паралелно, зашто супер е кога два битни моменти (одличен расказ + одлична песна) ќе се поврзат преку нешто заедничко, посебно вака неочекувано. А двајцата имаат и иста структура на име - иницијали + презиме :)
My first name Angelene
Prettiest mess you've ever seen
Love for money is my sin
Any man calls, I'll let him in
Rose is my colour, and white
Pretty mouth and green my eyes
I see men come and go
But there'll be one who will collect my soul and come to me
Two-thousand miles away
He walks upon the coast
Two-thousand miles away
It lays open like a road
Dear God, life ain't kind
People getting born and dying
But I've heard there's joy untold
Lays on that open road in front of me
My first name is Angelene
Thursday, May 10, 2007
златко
Кога го запознав уште одамна не ми се веруваше дека ја сака истата музика што јас ја сакам, и тоа не само општо познатите изведувачи заеднички за многу луѓе тука, туку и се друго што сакам или сум сакала. Не сакам да набројувам, а не сакам ни да тврдам дека никој не ја сака мојата музика - напротив, и баш заради тоа сакам да кажам дека навистина ретко наоѓам некој чиј музички вкус се совпаѓа со мојот, исто толку разновиден, шизофрен и хаотичен.
Златко не е супер само заради музиката што ја слуша, туку и заради комплетниот негов склоп и сензибилитет. Супер е тоа што во Скопје има уште такви луѓе.
Wednesday, May 9, 2007
боб тејл
Tuesday, May 8, 2007
Monday, May 7, 2007
Fly Me to the Moon
And let me play among the stars
Let me see what spring is like
On Jupiter and Mars
In other words hold my hand
In other words darling kiss me
Fill my life with song
And let me sing forevermore
You are all I hope for
All I worship and adore
In other words please be true
In other words I love you
Bart Howard, 1954
Friday, May 4, 2007
уште една супер книга
Ја немам тука книгата за да ставам точни цитати, ама ми текна на еден момент од книгата заради кој и го пишувам овој пост.
Во еден дел, кога зборува за девојчето, Арундати Рој (btw, преубава индијка која има добиено и Букерова награда за оваа книга во 97 г.) употребува една генијална слика - дека нејзините запчиња чекаат да излезат од непцето исто како што зборовите чекаат да излезат од пенкалото...
Книгата е плачечки добра.
Thursday, May 3, 2007
Sunday, April 29, 2007
простор
Но, јас отсекогаш сум посакувала токму тоа и реално да ми се случи, не знам зошто. Многу сакам кога сум сама во простор иницијално "наменет" за повеќе луѓе - сеедно дали дома, на работа или во трговски центри. Сонувам за денот во кој ќе ми се случи моментот од Vanilla Sky, на пример. Има момент на паника, страв и шубе во тоа, ама ете, јас како познат дивтар, сакам кога сум сама низ град.
Баш сега, додека пишувам, се наоѓам сама во една голема зграда, со остатоци на други луѓе и активности, и... (ако се апстрахирам од обврските што ги имам) некако убаво ми е.
Friday, April 27, 2007
Thursday, April 26, 2007
Wednesday, April 25, 2007
куче
Пеницилин.
It isn't clear why some people develop penicillin allergy while others don't. Prevention focuses on awareness. Treating an allergic reaction may require taking medications or, in the case of a serious reaction, emergency care. Allergic responses occurring with a penicillin allergy range from annoying rashes to life-threatening reactions, such as difficulty breathing.
Common signs and symptoms of penicillin allergy include:
- Rash
- Hives
- Itchy eyes
- Swollen lips, tongue or face
It isn't clear why some people develop allergies while others don't.
Monday, April 23, 2007
конечнооо
После толку барање и проценување тела, конечно најдов тело што е како моето. Кога ја видов девојката, ми прескокна срцето и се уплашив, беше како да се гледам себе си! Не во лицето, само во телото, се разбира. Додуша, има една друга девојка што во лицето многу личи на мене, и се уплашив и неа кога првпат ја видов, ама тоа е друга приказна.
Оваа ја видов во автобус, беше со мајка и, мислам дека не ме забележа, ама јас како ненормална, цело време се вртев и ја гледав, не ми се веруваше! Конечно знам какво тело имам :)
А вчера видов и една оперска пејачка на тв, и таа беше блиску до тоа да ми биде body mate, ама татко ми рече дека е мааалку покрупна од мене.
Wednesday, April 18, 2007
Tuesday, April 17, 2007
куче
Вчера му оставиле пластични садови од Добро Јутро маргарин со јадење, а во едното имаше и црни маслинки, со извадени семки! Денес кога поминав покрај него, видов дека немаше ништо изедено. Сакам да му однесам некое мевце, ама не знам како во автобус да го носам мевцето?!
Thursday, April 12, 2007
сон
Ми ставале вакцини во двете раце, над лактите, и една во `рбетот (во `рбетот, бе?!) и не сум можела да се мрднам од што толку многу болеа, дури и надвор од сонот. Многу глупаво.
Tuesday, April 10, 2007
Thursday, April 5, 2007
Wednesday, April 4, 2007
модерен филм
Сакам малце да помрчам за еден филм што го гледав вчера, мислам дека се викаше Што сакаат мажите, ама не можам да го најдам на imdb. Филмот е како правен според Maxim/CKM рецепт - друштво од тројца супер другари, сите кој од кој позгоден и поубав (според Maxim концепт за убав маж), а еден од нив и црнец (за да биде политички и расно коректно друштвото), и сите се онака - ебачи со шарм :)
Ај што приказната беше скроз провидна - нема врска, ионака не е нешто спектакуларен филмот. Мене ме изнервира третманот на родовите стереотипи во потрошувачката поп култура. Сите машки се исти, и сите машки се супер, а се разликуваат само според прозаичноста на изборот пари или љубов, при што тој што одбира љубов сепак ги добива и парите. А жените беа исто толку неинтересно претставени преку веќе досадните јасни и очекувани стереотипи - или е фина, мила, невина и наивна девојка, или е аждаја што ебе се што ќе и се доближи.
Значи, научив дека - ако сакам да го најдам "вистинскиот Maxim маж", треба да бидам религиозна, да ќутам, ама да се смешкам како ненормална цело време, да не сакам секс и да носам розеви џемперчиња. Хмм...
Мислам, мене јасен ми е концептот за low budget филм и евтина забава, ама па не мора да биде и low brain филм! Па барем да имаше некој добар хумор за да ги извади! Страшното е што вакви филмови стануваат прилично популарни и оставаат сериозни последици, зашто препишуваат многу конкретни и строго дефинирани модели на однесување. Баш и не се нудат различни начини на однесување и ако сакаш да се иницираш во социјалниот поредок треба само да одбереш улога и тоа е тоа. Не знам, ама мене тоа ми е прилично језиво, посебно кога потекнува од "безгрижна" двочасовна тв забава...
Oh well. Може ако имаше A-list глумци филмот ќе беше подобар :)
Tuesday, April 3, 2007
текстот за Бојан
Мене Бојан отсекогаш ми бил невидено глуп/евтин/мрсен/се по ред сељак, и факт е дека сеуште е (барем во мојот pop culture analysis свет), ама по Невестата во петокот, мислам дека Бојан се претвора во знак, на ниво на културен симбол.
На некое прво, синтагматско ниво, Бојан многу добро сфатил што може, а што не може да постигне во животот и уште подобро сфатил како функционира нашата медиумски и чаршиски конструирана култура. Со оглед на тоа, решил во тие рамки да го извлече максимумот за да го оствари тоа што го сака - слава, моќ, публицитет... Мене сето тоа ми е бедно, ама тоа се некои мои критериуми што немаат врска со неговиот живот и избор во животот, па се што можам да кажам е - браво за него, respect затоа што е успешен во тоа во кое сака да биде успешен.
Е сега, она што е поинтересно кај него е другото ниво на толкување, односно македонската поп consumer култура гледана во поширок контекст, во кој Бојан добива функција на симбол - симбол на нејзината испразнетост. Нештата кај нас се до толку отидени во курац, што, - не сум сигурна дали вака импулсивно пишувајќи ќе се објаснам како што сакам - Бојан во суштина, го критикува сето она што тој го претставува. Односно, во контекст на актуелната ситуација - ситуација на Лила, Турунџиева, Весна Петрушевска, Петар не-знам-како-се-презива, па и Тони Михајловски - кои заедно со Ели-водителките (Ели Пешева&Танаскова) се shit водители, но популарни и "квалитетни" со рејтинзи повисоки од Lost и идеја за естрадна фаца - манекен (испразнет од став/мислење/..., а полн со наводно провокативни прашања што до крај на емисијата стануваат газолижачки коментари). Бојан толку многу го апологизира сето ова што тоа станува критика. Оваа појава ретко се случува, ама еве, ја имаме - Бојан е олицетворение на идејата за македонскиот водител, а во исто време и негова пародија, и тоа е она што мене тотално ме фасцинира! Затоа мислам дека Бојан е симбол, зашто во него се обединува и врвот, и падот. И ќе си продолжи така се додека не ја направи идејата за водителство скроз апсурдна - или барем ќе покаже дека е веќе одамна апсурдна (со надеж нешто да се смени во иднина, па да имаме и водители со памет, а не само со цицки и вештачка коса). За жал, самиот Бојан не е свесен за тоа каква функција врши во нашата култура, ама ете, јунаците не се секогаш свесни за своите дела :)
Затоа, Бојан за претседател! Јееееееее! Урда за Бугарите, сирење за Македонците!
пс
а Невестата ми беше повод зашто тоа е ultimate симбол - нема ништо побитно во животот на секоја девојка од денот на свадбата, тоа е момент на пресврт - толку е супер, што е ужасно. Наводно славење на љубовта, а во најголем дел од случаите, официјализирање на стравот. Затоа Бојан е супер, зашто конечно покажа колку сме празни!
Monday, April 2, 2007
анализа-шманализа
Friday, March 30, 2007
Thursday, March 29, 2007
Wednesday, March 28, 2007
Moon River
I'm crossing you in style some day.
Oh, dream maker, you heart breaker,
Wherever you're going I'm going your way.
Two drifters off to see the world,
There's such a lot of world to see.
We're after the same rainbow's end -
waiting 'round the bend,
my huckleberry friend,
Moon River and me.
Breakfast at Tiffany's, 1961
Johnny Mercer & Henry Mancini
Tuesday, March 27, 2007
Monday, March 26, 2007
Скопје
Многу сакам да гледам по прозори и балкони, без оглед на тоа дали има некој таму или не, и да погодувам кој би можел да живее таму... Затоа отсекогаш и сум сакала згради, полни се со приказни. Една жена по кратки ракави седеше на биро по дома. Еден човек го шеташе кученцето. Луѓе фрлаа ѓубре.
Во едната зграда ја видов продавницата за кори, кадаиф, обланди и корнети "Вардар", и многу ми беше мило што во налетот на реновирање на градот оваа продавница не е затворена. Ми текна дека отсекогаш сум сакала да јадам празни корнети, ама моите дома некако не купуваа, најверојатно по логика што ќе ни се корнети кога немаме сладолед?! Еднаш, запнав како ненормална, и ми купија пакување од 6 корнети од "Вардар". Мислам дека тогаш беше дедо ми дојден на гости. Ги изедов празни и беа многу добри. Сега во саботата се мислев дали да си купам пак, ама се појави мајка ми и ме пресече, и после на гости јадев посни топчиња. Не беа лоши.
филм
Friday, March 23, 2007
дожд
Во еден многу мал дел од утринското сивило и дождот се разлеа топла, домашна атмосфера и сигурно во некоја од домите има некое бапче што си меси и си прави насабајле убави благи работи... Многу сакав да бидам таму, во пижами, само што разбудена, и си земам од тоа печеното и гледам цртани филмови и репризи на семејни комедии... И после бапчето да ми раскажува за тоа како кога била млада, оделе на игранки и се допишувала со некој војник, и да ми покажува слики од на времето...
Ама, мирисот исчезна, со него и бапчето и благите, а јас ионака многу доцнев на работа.
Tuesday, March 20, 2007
за пишувањето и пишувачите
?
Понекогаш времето не е циклично, расположението не треба да осцилира и треба постојано да бидеш некаков. Страшното не е во тоа што ми е зададена некаква улога која треба да ја одиграм, или рамка која треба да ја исполнам. Страшното, или поточно измачувачкото, е во тоа што улогата, односно рамката, си ги правам самата јас, со некаков глуп split пристап во кој јас сум си не само и субјект и објект, или и воајер и предмет на набљудување, туку и писател, и критичар и текст, што е малку... така.
Ништо страшно, само глупа главоболка/умоболка :)
нов хрватски филм
Вчера гледав еден исклучително глуп филм што беше најавуван како не-знам-што, ама врска немаше. Преку глава со мистификации на современото капиталистичко општество и "гламурот" на работењето во маркетинг агенција... Ах, колку им е тешко на младите луѓе што имаат толку многу пари што не знаат што да прават со себе!
И ова не го мрчам заради сопствена фрустрација - не дека ја нема, ја има, но тоа не е issue овде - туку чисто естетски, од аспект на уметнички исказ, затоа што некои приказни можат да ги раскажат само Фредерик Бегбеде и Мишел Уелбек. А кога раскажуваш, треба да бидеш искрен и да веруваш, зашто не можеш да ги излажеш луѓето. Добра приказна е добра приказна, и кога нешто не е правено со душа, ептен се забележува.
Monday, March 19, 2007
сабота
Мачорот им `ржеше на другите таму, ама на крај го голтна апчето.
Вечерта го гледав филмот на Жижек, кој исто предава кај што сакам на постдипломски, ама ајде де!
Се изнаспав, ама you can never have too much sleep.
Friday, March 16, 2007
риба
Сега рибата, која ја крстивме Цветко (макар што јас сеуште мислам дека тоа е име за коњ и никако за риба) има и дрво (баш додека пишувам се крие под него) и друштво од две пластични риби што лебдат на површината.
Сакам да ја сликам и да ја закачам тука, ама во овој миг тоа не е баш изводливо.
Надвор има сонце, а сега ќе излезам и јас малце.
Wednesday, March 14, 2007
Monday, March 12, 2007
глупости
Читав за смислата на етнологијата и нејзиното уништување на сопствениот предмет со самата желба тој да се проучи и открие, и ептен ме заинтересира таа теза, па си мислев дали всушност единствен начин да сакаш нешто многу, најмногу, е да се оддалечиш од него и да го оставиш?
Дали интересот за нешто (книга, филм, човек...) доживува свој врв во откажувањето, односно оној момент во кој толку многу сакаш што капитулираш, оставаш и се откажуваш? Наоѓаш некоја супер книга, и толку е добра што не знаеш ни што, ни зошто и како, ни да ја објасниш на некој друг. Понекогаш, толку многу сакаш што се што можеш да направиш е да се тргнеш на страна.
Всушност, тоа ми се има случено многу пати, и сега скоро, ама ми требаше Бодријар за да го сфатам тоа така :).
Friday, March 9, 2007
Цвет
Вчера јадев азуки гравчиња и многу се интересни, малечки.
Мајка ми реши да направи нешто благо (а тоа кај нас ретко се случува, за жал) и кога дојдов дома, цела среќна, ми се пофали каква торта направила, леле, леле... Тортата немаше врска! Јас стварно не пребирам кога станува збор за благо, ама ова беше нејадливо.
Thursday, March 8, 2007
Baudrillard
Во тој контекст, вчера сфатив како моето пишување на блогот е всушност еден момент на себереализација или себепроект што одамна го барав и мислев, некакво мое хипер-реално потврдување.
rip
денес
Денес добив два цвета, еден вештачки и еден вистински. Двајца цветови!
А со оглед на тоа дека јас всушност не сакам цвеќиња, едниот го ставив во чаша-вазна што подалеку од мене, а другиот се надевам дека мачката радо ќе го изеде.
Многу мразам кога луѓе што многу ги сакам се однесуваат неочекувано лошо со мене. Фуј. Ама многу сакам кога ќе ми текнат интересни работи, како на пример тие за на рака што ги измислив денес.